Негуваните мажи сѐ почесто користат женски производи за убавина за да го подобрат својот изглед, откриваат најновите истражувања. Резултатите покажуваат дека 34 отсто од мажите овие производи за убавина ги користат често како и жените.
Мажите, исто така, трошат повеќе време на разубавување, а 25 отсто од нив поминуваат подеднакво исто време во продавници како и нивните партнерки. На листата на најважни третмани за разубавување, на самиот врв меѓу припадниците на посилниот пол се наоѓа отстранувањето на влакната. Околу 30 отсто од нив признаваат дека ги депилираат влакната на телото.
Меѓутоа, момците сметаат дека не се метросексуалци, односно мислат дека, сепак, не обрнуваат толкаво внимание на изгледот за да би можеле да се нарекуваат метросексуалци. Се оправдуваат со тоа што велат дека не користат шминка како пудра или моливче за очи.
– Мажите станаа свесни за својот изглед и тој им е важен, многу поважен од пред само 5 години. Жените не се единствените кои посакуваат да наликуваат на познатите. И мажите тоа го сакаат, а главни репери им се Josh Hartnett, Justin Timberlake и Matthew McConaughey. Значи, тоа се мажи кои се појавуваат во реклами за производи за убавина – истакна Rakesh Aggarwal од Escentuala.