Мажите што беа „најсекси меѓу живите“, од 1990 до 2017 година

Од 1985 година наваму, People Magazin секоја година бира по еден маж меѓу познатите фаци и му ја доделува титулата „Најсекси маж меѓу живите“.

Но не се работи само за изглед; признанието е резервирано само за тие што „имаат и душа“. Во превод, тој маж треба и да е добротвор – да донира во хуманитарни цели, како и да води или да е гласен во разни кампањи за социјални права, правди и слободи. Уште ако глуми во филмови што не ги мразиме, тоа му е плус.

Низ годините, обично сите се согласуваа со изборот на People Magazine; сите победници беа мажи од ТВ екраните со кои повеќето од жените (а и некои од мажите) радо и без двоумење би избегале кон зајдисонцето.,

Со изборов за 2017-та не е баш така, според реакциите. На почетокот на месецов, магазинот People на насловна за Sexiest man alive го стави кантри пејачот Блејк Шелтон. Да, Шелтон го има тој кантри старомоден каубојски шмек, ама интернет (пред сé Американците на интернет) не се воодушевени од неговата отворена поддршка на Доналд Трамп, а не им се секси ни подоцна откриените твитови на пејачот со наводно хомофобичен и расистички шмек.

Шелтон, пак, го прими признанието со отворени раце. „Цел живот бев грд. Ако можам да сум секси на една година, и те како ќе прифатам“, рече за People Country.

Како и да е, за американска политика нека си се расправаат Американците. Ние овде ќе направиме мала рекапитулација на најсекси мажите низ годините.

1990 година, Том Круз

1991 година, Патрик Свејзи

1992 година, Ник Нолти

1995 година, Бред Пит

1996 година, Дензел Вашингтон

1997 година, Џорџ Клуни

1998 година, Харисон Форд

1999 година, Ричард Гир

2000 година, (пак) Бред Пит

2001 година, Пирс Броснан

2002 година, Бен Афлек

2003, Џони Деп

2004 година, Џад Ло

2005 година, Метју Меконахи

2006 година, (пак) Џорџ Клуни

2007 година, Мет Дејмон

2008 година, Хју Џекмен

2009 година, (пак) Џони Деп

2010 година, Рајан Рејнолдс

2011 година, Бредли Купер

2012 година, Ченинг Тејтум

2013 година, Адам Левин

2014 година, Крис Хемсворт

2015 година, Дејвид Бекам

2016 година, Двејн Џонсон

2017 година, Блејк Шелтон

Дами, што викате? Добар им е изборов на People или имате подобри предлози?

- Реклама -