Maжите се виновни што жените трпат болки на нозете

Знаете ли дека мажите први носеле чевли со високи потпетици?

Овие додатоци биле својствени за европската аристократија во 17. век и биле знак на висок статус.

Логиката била следнава – само некој на кого не му се наметнува потребата да работи, може да оди во слични непрактични чевли, пишува The Society Pages.

Жените почнуваат да одат на високи потпетици, за да покажат машкост, во периодите кога расте свеста за еднаквоста.

Елизабет Семелхак, куратор на Музејот за чевли, вели за Би-Би-Си дека во 30-тите години на 17. век жените ја крателе косата, пушеле од луле и носеле капи, со кои изгледале повеќе мажествено. Токму поради оваа причина тие започнале да одат и на високите потпетици. Сето ова беше поттикнато од желбата да ги направат чекорите повеќе машки.

Луј XIV на високи потпетици. 1701 година
Луј XIV на високи потпетици. 1701 година

 

„Пониската класа исто почнува да носи високи потпетици – сепак модата ја диктира елитата. Како одговорила аристократијата на ова? Почнале да се носат чевли со уште повисоки потпетици, за да се разликуваат од „пониските“ луѓе. Освен тоа ги разделиле овие додатоци на два вида – со дебели и тенки потпетици. Првите биле за мажите, а вторите – за жените. На крајот на краиштата мажите се откажале од овој тип на чевли.

Кога настапила ерата на просветлување, која се фокусира на рационалното (вклучувајќи практични чевли), и двата пола престанале да носат високи потпетици.

Што е она што  повторно ги „извадило“ овие обувки на преден план?

Порнографијата. Во средината на 19. век порнографијата била предводена од голи жени кои позираат со високи потпетици. Сите го знаеме остатокот од приказната …

- Реклама -