Мажите од соништата, се криеле во една земја на Балканот

Резултати од студија на Светската организација за економска соработка и развој покажале дека мажите од соништата на секоја жена, домаќините, се кријат во една поранешно југословенска држава.

Имено, Словенците во просек трошат 114 минути дневно извршувајќи домашни обврски. Спротивно на нив, најмалку време за домашни работи трошат мажите во Индија – вкупно 19 минути…

Експертите како главна причина ја наведуваат културолошката разлика, а ни Европјаните од некои развиени земји не можат да им се доближат на Словенците, кога станува збор за познавањето на домашните работи и поделбата на обврските во домот. Имено, Италијанците поминуваат неполн час помагајќи им на своите сопруги, Унгарците малку повеќе, а Турците 21 минута.

Веднаш под Словенците, највредни се Данците, па Естонците, а за нив се шармантните Французи со вкупно 98 потрошени минути за домашни задачи.

Експертите додаваат дека поделбата на работата во домот е директно поврзана со економската моќ – разликата во платите меѓу мажите и жените. Всушност, од тие причини во средините во кои што таа разлика е поголема, послабо платените жени ги превземаат врз себе сите обврски во домот и семејството.

 

- Реклама -