Мажите навистина не ги разбираат жените

Жените често се жалат дека нивните партнери не ги разбираат и дека имаат впечаток како да зборуваат на различен јазик. Сега тоа е и научно докажано.

Често пати слушаме дека мажите не ги разбираат жените. Меѓутоа, научниците докажаа дека тоа е навистина така.

22 мажи, учесници во испитувањето на Универзитетската болница ЛВЛ во Германија, имале задача врз основа на фотографии на кои биле прикажани само очи, да ги одредат емоциите што ги покажува личноста: негативни, позитивни или неутрални. Истражувањето покажало дека испитаниците многу подобро ги одредувале туѓите расположенија ако личноста на фотографијата била маж.

couple

Научниците веруваат дека читањето на емоциите се одвива со помош на очите, а се утврдило дека мажите се повешти во одредувањето на емоционалната состојба кај другите мажи отколку кај жените.

Истражувачите од Универзитетот во Индијана откриле дека мажите многу често погрешно ги интерпретираат позитивните сигнали што им ги испраќаат жените, често мешајќи ги пријателкиот поглед со заводливиот кој повикува на секс.

- Реклама -