Изгледа дека ние, мажите, наскоро ќе бидеме ирелевантни за опстанокот на човечката раса. Имено, научниците при Њукасл Универзитетот успеале да направат сперматозоидни клетки од матични клетки земени од женски ембрион. Тимот, предводен од проф. Карим Најерниа (кој е патем речено машко), во 2006 успеа да креира сперматозоидни клетки од коскена срж на маж.
Изгледа дека ние, мажите, наскоро ќе бидеме ирелевантни за опстанокот
на човечката раса. Имено, научниците при Њукасл Универзитетот успеале
да направат сперматозоидни клетки од матични клетки земени од женски
ембрион. Тимот, предводен од проф. Карим Најерниа (кој е патем речено
машко), во 2006 успеа да креира сперматозоидни клетки од коскена срж
на маж.
Следен чекор кој сакаат да го надминат е да креираат
сперматозоидни клетки од женска коскена срж, бидејќи истото било
помалку комплицирано.
Ова би им овозможило на лезбејските парови да имаат деца кои ќе ги содржат гените на обата родитела, а не оние на анонимни дарители. Како и да е од ваквите женски сперматозоиди не може да се врши оплодување, бидејќи истите немале доволно генетски информации во себе, но тоа е пречка која проф. Најерниа вели дека лесно се надминува.
Дали ова ќе го лиши машкиот род од својата најголема улога? Се надевам не, но во секој случај мажите секогаш ќе бидат привлечни за жените… нели? Правењето бебиња не е единствената работа за која им требаме така? [Telegraph]