Мажите лажат 6 пати дневно, двојно повеќе од жените

Повеќе... Едно истражување ни открива дека просечниот маж кажува по 6 лаги на ден на нивните партнерки, шефови и колеги од работа, значи вкупно 42 секоја недела. Додека мажите најмногу лажат за испиената количина алкохол и за изгледот на својата партнерка, жените избегнуваат да ја кажат вистината за работите што ги купиле на нивниот последен шопинг.


0803-man-with-long-nose_li.jpgЕдно истражување ни открива дека просечниот маж кажува по 6 лаги на ден на нивните партнерки, шефови и колеги од работа, значи вкупно 42 секоја недела. Додека мажите најмногу лажат за испиената количина алкохол и за изгледот на својата партнерка, жените избегнуваат да ја кажат вистината за работите што ги купиле на нивниот последен шопинг.

Студијата направена врз 2.000 Британци, покажа дека најчеста лага кај двата пола е: „Ништо не ми е, добро сум.“ Во анкетата 83% од испитаниците од двата пола изјавиле дека лесно можат да откријат кога нивниот партнер лаже. Но експертите кои го проучуваат говорот на телото, велат дека „повеќето луѓе не знаат да ги „читаат“ тие сигнали. Тие обично претпоставуваат дека кога некој ја крие вистината, ќе го крие своето лице или ќе избегнува контакт со очи, додека, всушност, точно е токму спротивното. Лажговците обично прават сè што можат за да ве убедат, седејќи мирно и гледајќи во вас за да видат како ќе реагирате.“

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

До овие сознанија се дојде од анкетата која ја направи 20th Century Fox, за да го обележи излегувањето на DVD-то од ТВ серијата Lie To Me. Според оваа анкета ова е Топ 10 листата со лаги кои ги кажуваат мажите:

1. Ништо не ми е, добро сум.
2. Ова ми е последната (чашка).
3. Не, задникот не ти изгледа голем во тоа.
4. Немав сигнал.
5. Ми се потроши батеријата.
6. Извини, не видов дека си ѕвонел/а.
7. Не испив толку многу.
8. Еве идам.
9. Не беше толку скапо.
10. Заглавив еве во сообраќајов.

Топ 10 лаги кои ги кажуваат жените:

1. Ништо не ми е, добро сум.
2. Не не ми е ново тоа, го имам од поодамна.
3. Не беше толку скапо.
4. Го купив на распродажба.
5. Еве идам.
6. Не знам каде е, го немам ни допрено.
7. Не испив толку многу.
8. Имам главоболка.
9. Не, не го фрлив.
10. Извини, не видов дека си ѕвонел.

[Men lie six times a day and twice as often as women, study finds]

- Реклама -