Додека просечна жена ја менува фризурата дури четири пати годишно, мажите ја менуваат само три пати во животот.
Просечен маж ја менува фризурата само три пати во текот на неговиот живот, а „стилски камелеони“ како Дејвид Бекам меѓу мажите има само два отсто. Сепак, иако мажите не ја менуваат фризурата како славниот фудбалер, многумина сакаат да изгледаат како него, па дури 37 отсто од нив велат дека Бекам секогаш има убава фризура, пишува Mail Online.
Новото истражување покажа дека мажите ја менуваат фризурата кога ќе им здодее како изгледаат (36%), затоа што ја губат косата (12%) и затоа што се сменила модата (15%).
Само 12 отсто од мажите велат дека ја менуваат фризурата под влијание на славните, за разлика од жените, меѓу кои дури 45 отсто велат дека ги инспирирала фризура на некоја славна личност.
Истражувањето било спроведено на репрезентативен примерот од илјада мажи и жени, а го нарачала клиниката во Манчестер специјализирана за трансплантација на коса, од која истакнуваат дека дури 30 отсто од мажите почнуваат да ја губат косата по 30. година.