Мажи, жени, среќа и мирис на пот…

Следен пат кога ќе се чувствувате тажни, само помирисајте од потта на вашиот среќен пријател. Расположението инстантно ќе ви се подобри.

Барем така сугерира една нова студија, според која телесните мириси имаат способност да ги контролираат емоциите. Спроведена е од научници од Велика Британија, Холандија и Португалија. Тие дошле до заклучок дека човечките телесни мириси содржат хемикалии наречени „хемосигнали“, кои пренесуваат информација за нашите емотивни состојби.

Истражувачите пробале да предизвикаат одредени емоции кај 12 мажи, покажувајќи им инсерти од филмови како „Книга за џунглата“ – за да ги направат среќни, „Шиндлеровата листа“ – за да ги заплашат, но и временска прогноза – за неутрални емоции.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

По собирањето на потта од пазувите на 12-те испитаници, при секоја од состојбите, женски испитанички биле натерани да ги мириснат примероците од потта, при што им биле снимани фацијалните експресии со помош на електрични импулси.

Изненадувачки, жените имале најсреќна реакција кога ја мирисале потта собрана при „среќната“ сесија…

…Што друго да се каже; oсвен како потенцијален лек за нерасположеност, појма немаме кои се консеквенците од една ваква информација. Употребете ја како сакате.

- Реклама -