Колку има вистина во тоа дека сексот со две жени е најчеста машка сексуална фантазија која би сакале да ја претворат во реалност?
Испитавме неколку мажи за тоа колку навистина ги привлекува идејата за секс во тројка. Ова секако е една од најчестите фантазии, но остварувањето е нешто сосема поинакво. Дали е тоа навистина неостварен сон на мажите или е само една од многуте заблуди кои владеат за преференците на припадните на посилниот пол.
Еве што велат тие:
„За мене сексот е нешто многу интимно и никаква трета личност, не доаѓа во предвид“, Иван, 27.
„ Би се согласил за секс во тројка, само кога би можел да бидам сигурен дека тој чин нема да го уништи односот“, Марко, 25.
„ Да, ама не со мојата девојка. Не можам да ја замислам неа во таков експеримент“, Кико, 23.
„ За каква тројка станува збор? Две жени во секое време, двајца мажи и девојка, ни пред смрт“, Владо 28.
„ Со оглед на тоа што сум во врска, сексот во тројка, дефинитивно не доаѓа во предвид. Можеби ако сум сингл, но тоа е едно големо можеби“, Иван 25.
„ Би се нафатил, само ако може да исчезнам после тоа“, Давид 26.
„ Ако се во прашање две згодни жени, да. Би можел да се сносам со нив 🙂 , Дамјан 26.