Маж за секоја почит – Домот што го изградил за своето семејство

Зошто толку ги сакаме приказните? Одговорот на ова прашање е крајно едноставен – затоа што сите сакаме да престојуваме во свет, различен од нашиот. Недопрен од секојдневните грижи и малите  расправии, без да размислуваме за пари, струја, вода, парно и што ли уште не. Некаде каде што сме ослободени од сè што ја врзува нашата  душа во железни окови. А  да не заборавиме и дека во приказните крајот е  секогаш среќен. Токму среќата е смислата на човечкиот живот. Секој сака да живее без грижи, фатен под рака со љубениот!

Во оваа статија  ќе ви раскажеме за трансформирање на бајката во реалност. Нејзини главни ликови се семејството Дејл. Симон Дејл е принцот на  бел коњ. Симон е семеен човек од Велс. Неговите морални принципи  се поврзани со самостојното издржување  на човекoт и еколошкиот однос кон природата. Токму овие вредности го поттикнале сам да го изгради својот дом и да го претвори во едно од најубавите, најтоплите, најмногу „вкусни“ куќички што  можете да ги замислите. Интересно за овој дом е тоа што  чини само 3.000 фунти, околу 4,700 американски долари.

Можете ли да замислите  влезна врата како оваа?

А, вака изгледа внатре 🙂

Симон Дејл истакнува 2 причини со кои ја аргументира изградбата на оваа екстравагантна хобитска куќичка .

„Забавно е! Да го живееш животот по  сопствени правила, на свој начин е навистина задоволувачки. Идејата да ги следиме своите соништа ја одржува нашата душа жива“.

Втората причина, која ја споделува  е повеќе како повик кон луѓето за одржлив развој и гласи:

„Нашите резерви од природни ресурси се намалуваат прогресивно и нашата планета е во екологочна катастрофа.”

Ќе ви раскажеме уште за создавањето на овој прекрасен дом. Симон исто така  е и фотограф, па самиот ги направил овие фотографии  со цел да инспирира уште некој истомисленик.

Како точно се случила изградбата?

Инструментите се прилично едноставни. Главната нишка со современоста е пилата која ја користел  за да исече околу 30 мали дрвја. Да нагласиме дека ниту едно старо дрво  не „паднало под нож” за потребите на неговото семејство. Тој се фокусира на алатки  како лопата, длето и чекан. И сепак му трабале само четири месеци, за да го создаде овој прекрасен дом.

Домот е изработен од дрво, камен, слама, а покривот е прекриен со  сено, со прст за изолација (односно, на кој можат да се насадат растенија).Првично ги ископал темелите на домот, вдлбнат во ридот, потоа ја изработил поддржувачката дрвена конструкција и конечно покривот.Греењето се одвива со  камин на дрва и има соларен панел за електрична енергија. Повеќето материјали се од апарати за рециклирање. Ефектот сепак, не е од типот – да заштедите пари од апарати од  втора рака. Напротив. Тоа е креативен, уметнички, елегантен и топол дом. Вистинска бајка за возрасни…

Она што е најневеројатно е дека неговата изградба не барала  години на обука или искуство. Симон не е архитект, ниту пак  инжинер. Тој започнува од нула во секој аспект:

„Да се ​​биде архитект-аматер е доста забавно. Ви овозможува да создадете и да уживате  нешто што е дел од вас самите  и мајката природа, а не да користите материјали кои се  масовно произведени. Нема загадување, ниту пак штетни материи, со кои обично се полни повеќето модерни згради “

3-1

Да изградите нешто од природни материјали, е и врзано со вашиот  вредносен систем. Токму на тој начин се одзема од џебот  на масовните производители.

Уште една кул причина да создадете ваков дом: Неговата куќа потсетува на  потсетува на Хобитите, нели? :)

Симон и  неговото семејство. Неговата сопруга Јасмин Савин и нивните две деца.

Идејата за хобитска куќа и се допаѓа многу на неговата сопруга. Од создавањето на куќата досега поминале  скоро 6 години, а Дејл веќе е заразен со идејата овој начин на живот да го применат што поголем број на луѓе.Сега по неговиот проект во Велс ќе се гради првото еко – село. Дизајнот на куќите е сличен на неговата прва еко-љубов.

Симон вели:

„Овој начин на живот, значи да живееш во хармонија како со природниот свет, така и со себе. Тоа значи да ги правиш работите едноставно и да користиш технологијата на помали нивоа“.

Дали мислите дека има шанси ова да стане  иднината во домувањето?

- Реклама -