Жица, виси во воздухот меѓу два балони, на 1220 метри височина над пустината Невада – ова е сцената на која 27-годишниот Енди Луис постави нов светски рекорд. Во дисциплината наречена slacklining – одење по жица, претходниот рекорд беше на висина од 914 метри,но Луис со леснотија го подобри за помалку од 20 секунди.
Мажот не користел јаже за осигурување. Единствената негова сигурност во случај на пад беше падобранот, прицврстен на неговиот грб. Авантуристот од Калифорнија е познат како Sketchy Andy. Тој доби светска популарност откако Мадона го покани да учествува меѓу двете полувремиња на Super Bowl во 2012 година.