Маж ќе игра рагби во австралиска женска лига, дека трансџендер

Лани Австралија за прв пат доби женска лига во австралиски фудбал. Да нема забуни, австралискиот фудбал (footy) е во суштина тоа што ние го знаеме како рагби (така ќе го викаме и во продолжение на текстов), со тоа што разликите се мали и се однесуваат главно на правилата.

Во февруари годинава, дебитираше и првата сезона во таа женска лига. Сега Австралија е на праг на едно друго деби – на првото трансродно (трансџендер) лице што ќе игра рагби на највисоко професионално ниво, и тоа токму во женската конкуренција.

Се работи за 27-годишната Хана Маунси (Hannah Mouncey) која во петокот се пријави за учество во AFLW драфтот за 2018-та, кој ќе се одржи во среда.

Пред да го почне третманот за транзиција кон жена пред 2 години, Маунси беше ракометар и се викаше Калум. Беше дел и од австралиската машка ракометна репрезентација која се натпреваруваше во квалификациите за Олимпијадата во Рио летото во 2016-та. Последнава сезона ја помина играјќи за Ainslie Tricolours во AFL Canberra турнирот за жени.

Маунси е висок/а 190 сантиметри и тежи 100 килограми. За да биде дел од драфтот ќе треба да добие дозвола од Aвстралиската фудбалска федерација. Одлуката ќе биде објавена на ден пред драфтот. Сепак, и покрај тоа што се чека последниот момент, шансите тоа да се случи се прилично големи, особено што и претходно се покажа дека Маунси е удобно во зоната на дозволено ниво на тестостерон, кое според правилата на Меѓународниот олимписки комитет за трансџендер лица изнесува под 10 наномоли по литар. Австралиската фудбалска федерација (AFL) ги користи истите правила за трансџендер спортисти.

Не само тоа, туку во случај одговорот на AFL да биде негативен, федерацијата ќе се соочи со сериозни правни проблеми, смета Кејт МекГрегор (најпознатата трансџендер жена во Австралија). Со евентуалното „НЕ“, AFL ќе се судри со законот против дискриминација, смета таа.

Кејт МекГрегор

Патем, и самата МекГрегор признава дека Маунси е талентирана и физички мошне силна спортистка, и дека ќе биде посакуван играч во секој женски тим. Признава и дека нема дилема дека тоа што Маунси 25 години од животот била маж, ќе ѝ донесе предност. Сепак, избегнува да коментира дали таа предност е фер.

„Не мислам дека е фер или нефер, едноставно таа е таа што е, и не може да го избрише тоа со што се здобила во формативните години од нејзината кариера“, вели МекГрегор.

Формативните години на Хана Маунси (таа во жолтото).

„Знам дека сум различна, но не во лоша или добра смисла“, вели Хана за ABC. „Луѓето ми велат: колку си голема, ќе треба да се воздржуваш за да не повредиш некој; а јас на тоа враќам со: па не, нема да се воздржувам, така ќе нема поента“, искрена е Хана.

„Во последниот натпревар ми ги скршија ребрата, така што знам дека можат да ме удрат силно и да ме повредат колку што можам и јас нив. Знам дека ме гледаат поинаку, но мојот пристап нема да биде поинаков“.

. . .

Патем, еве една компилација од годинава, колку да видите како мажи играат австралиски фудбал.

https://youtu.be/SFEZzLHaM08

АПДЕЈТ: AFL не ѝ одобри учество на Хана Монси во драфтот. Сега се мета на критики од сите страни, па дури и од фанови на спортот кои ја поддржуваат одлуката. Зошто? Затоа што со оглед дека ја претерале со промоција на геј и LGBTQ права, полова еднаквост и слично, оваа одлука е и тоа како хипокритична.

- Реклама -