По светската премиера на седан верзијата на новата генерација Mazda 6 на салонот во Москва пред неколку дена, Мазда соопшти дека деби на верзијата комби на моделот ќе се одржи за време на салонот во Париз на крајот на месецот.
Слично на верзијата седан на Mazda 6, која исто така ќе биде демонстрирана во Париз, новата Mazda 6 Wagon ќе биде пуштена во продажба во Европа уште во оваа година. И двете опции на новата генерација ќе бидат достапни со избор помеѓу 2,2 литарски SKYACTIV-D дизел мотор, како и 2,0 и 2,5 литарски бензински SKYACTIV-G погонски агрегат.
Сè уште не е јасно на која верзија на каросеријате ќе се појави спортската варијанта MPS. При првата генерација на автомобилот, спортската верзија се нудеше единствено врз седан изведбата. Според аналитичарите во третата генерација оваа верзија ќе биде достапна како кај седан, така и кај купе изведбата на Mazda 6.
Погонот на четири тркала ќе се нуди и со другите верзии и мотори. Не се прецизира кога можеме да ги очекуваме купето и спортската верзија MPS врз новината, но се знае дека тие ќе се појават по седан и караван модификациите.
Објавено во соработка со Авто Плус.