Mazda MX-5 ќе оди на диета

03f2c7af-7cfc-4229-bb98-a2c4a4ecc4b9_790[1]

Програмскиот менаџер на јапонскиот производител Mazda, Нобухиро Јамамото, истакна дека следната генерација на најомилениот родстер во светот ќе се „бори“ со килограмите. Тој потенцира дека тоа ќе биде реализирано главно со користење на лесни матeријали – јаглеродни влакна.

Сегашната генерација претставена есента минатата година се врати на димензиите и килограмите на првиот модел од 1990, но со значително поцврста шасија и поголема удобност. Всушност ова е еден од автомобилите на глобално ниво, кој уште од своето основање има мала тежина, што претставува врвен приоритет и предност. Тоа се рефлектира врз управувањето, динамиката и соодветно големината на моторите. За тоа требаше да поминат многу години, за да биде во целост реализирано, но за уште поврвни перформанси секако треба уште време.

Родсетрот е можеби единствениот кој покрај порастот на популарноста на кросоверите се справува мошне добро со продажбата, сепак тоа е еден од најпознатите автомобили со покрив на склопување и има доволно долга историја.

Автоплус

- Реклама -