Математичките тајни на Симпсонови

Омилената анимирана серија на луѓето ширум планетата „Симпсонови“, е една од најуспешните серијали во историјата на телевизијата, но она што обожавателите на Хомер и неговата фамилија не го знаат е дека таа поттикна бројни математички формули, за чие што објаснување не би биле доволни цели едни универзитетски студии.

Во својата книга „ The Simpsons and their Mathematical Secrets” (Симпсонови и нивните математички тајни) , др Сајмон Синг открива математика која се крие во речиси секоја епизода, почнувајќи од првата во која бебето Меги ноншалантно спојува коцки формирајќи го зборот EMCSQU, алузија на популарната формула на Ајнштајн E=mc2.

Многу други епизоди содржат суптилни и помалку суптилни референци на познати теореми и едначење.

Др Синг, поранешен физичар на CERN, како и автор на бестцелерот „Последната Фермаова теорема“, открива, исто така дека во тимот, сценаристот на серијата има неколку доктори по математички науки, од кои еден запишал студии на Харвард на 16 години.

- Реклама -