Мастурбирање: Пет причини зошто е исклучително здраво за жените

Отктијте ги фантастичните предности и благодети на соло сексот.
Самозадоволувањето секогаш ужива статус на табу тема, иако 92 проценти од жените признаваат дека мастурбираат. Оваа активност го подобрува расположението и целовкупниот сексуален живот, но може да направи и чуда за вашето здравје.

Подобрување на квалитетот на сонот

Нема да имате потреба повеќе да броите овци, бидејќи благодарение на мастурбацијата ќе можете мирно да заспиете без дозирање со лекарства за таа цел. Самозадоволувањето произведува ендорфин, есенцијална хемикалија која ви помага да ги ублажите болките, да се ослободите од стресот и да се релаксирате.

Ги зајакнува мускулите

Подготвени сте за тренинг? Мастурбирањето ги тренира карличните и аналните мускули. Не само што зајакнатите мускули се предуслов за добар секс, туку можат да ја намалат и шансата за неконтролирано мокрење.

Ги олеснува менструалните болки

Според податоците на сајтот  WebMD, самозадоволувањето всушност може да ви ги олесни и ублажи менструалните болки. Сензитивноста пред менструацијата, болките во грбот, грчевите во стомакот, можат да исчезнат доколку редовно мастурбирате. Самозадоволувањето го намалува протокот на крв до карлицата.

Ги ублажува инфекциите на уринарниот тракт

Не само што самозадоволувањето ги ублажува сите болки, туку ги елиминира старите бактерии од матката.  Уште една причина да уживате.

Го намалува ризикот од втор тип на дијабетис

Жените кои искусуваат повеќе страствени оргазми имаат голема отпорност на дијабетис од втор тип.

- Реклама -