МАССУМ Олимпијада:Средношколска бура од натпревари

massum1.jpg МАССУМ ОЛИМПИЈAДА е проектна иницијатива за креирање на масовна
средношколски бура од натпревари, која ќе овозможи стимулација и
конструктивна реализација на креативните капацитети на средношколците
во РМ, како и подобрување и осовременување на меѓусебната
комуникацијата на младите од Република Македонија.


massum.jpgПроектот МАССУМ ОЛИМПИЈАДА, односно подготовките за дополнителните натпревари и самите натпревари на МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта) го подготвуваат и реализираат здружението на средношколците МАССУМ, здружението на граѓани Центар за креативен развој – ЦКР.

www.massum.org —————————————————————————

Видлива е потребата, на средношколците да им се понудат повеќе нови и свежи современи содржини, кои би ги испровоцирале нивните креативни потенцијали. Преку организирано информирање, иницирање и проектно организирање на активностите на средношколците, и преку извесна квалитетна доедукација, сосем извесно би дошло до создавање на нови и издржани системи на вредности и урбани репери за современо и прогресивно креативно живеење.

На младите од исклучително битно значение им е потребен креативен ангажман, кој конструктивно ќе ги стимулира и анимира нивните креативни капацитети и ќе ги впрегне во организација и реализација на истите, во општоприфатени и признаени проектни содржини – уметност, култура и спорт (култура и уметност – театар, музика, филм, фотографија, мода; спорт – фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг, маратон…).

Општата цел на проектот МАССУМ ОЛИМПИЈАДА е квалитативна промена на свеста на средношколската младина преку конкретни креативни ангажмани, подигнување на моралните вредности и воопшто квалитативно менување на подобро, на генералниот систем на вредности кај младите во РМ.

МАССУМ ОЛИМПИЈАДА е проектна иницијатива за креирање на масовна средношколски бура од натпревари, која ќе овозможи стимулација и конструктивна реализација на креативните капацитети на средношколците во РМ, како и подобрување и осовременување на меѓусебната комуникацијата на младите од Република Македонија.

Целта на натпреварите и МАССУМ ОЛИМПИЈАДАТА е подигнување на свесноста на средношколците за театарската, музичката, визуелната (филм и фотографија) уметност, како и модниот дизајн, низ директно вклучување на средношколците во процесот на раѓање, живеење и гаснење на еден уметнички производ, како низ очите на активен учесник-креативец, така и низ очите на публика.

Истотака основна цел на спортскиот дел од натпреварувачката програма е подигнување на натпреварувачкиот и спортскиот дух на средношколците преку нивно активно учество и натпревар во најпопуларните, најпознатите, најприфатливите и најпосакуваните спортски натпревари – фудбал, ракомет, кошарка, пинг понг и средношколски маратон.

Целната група на која и се обраќа овој проект се средношколците од МАССУМ средните училишта ширум РМ, а секако дека се добредојдени и сите оние средни школи кои не членуваат во МАССУМ, а се подготвени да и се приклучат на иницијативата, разбирливо почитувајки ги претходно поставените правила за учество.

Преку современо, подобро и поиздржано организирано креативно и конструктивно организирање, рекреирање и информирање на младите, се овозможува правилен  и квалитетен развој на карактерот на младите, се подигнува довербата во себе и директно се влијае на зајакнувањето на мултинационалното и повеќе конфесионалното граѓанско општество.

Како издржан и крајно посакуван резултат на МАССУМ ОЛИМПИЈАДАта може да се претпостави реализацијата на:

  • Натпревар помеѓу неколку десетини оригинални театарски средношколски проекти;
  • Натпревар помеѓу повеќе десетини средношколски бендови и потенцијални рап – хип хоп изведувачи;
  • Натпревар помеѓу повеќе десетини средношколски филмови и стотици фотографии направени од средношколци;
  • Натпревар помеѓу средношколските модни ревии и презентации;
  • Натпревар помеѓу голем број на спортски средношколски тимови (фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг и маратон);

Самите проекти изготвени од средношколците и спортските тимови сочинети од нив (иницирани од проект иницијативата за подготвителни натпревари и МАССУМ ОЛИМПИЈАДАта), се доволен резултат сами по себе.

Долгорочното влијание и резултат од посебно значење за предлагачите е проектот МАССУМ ОЛИМПИЈАДА да даде современ придонес кон остварувањето на креативна и конструктивна комуникација и соработка помеѓу средношколците, средните школи, средношколските организации и асоцијации, невладините организации и локалната самоуправа во Република Македонија и ЕУ.

Истотака цел на МО е забрзување на трансферот на информации на младите од РМ со младите од ЕУ.
МАССУМ ОЛИМПИЈАДАТА понатаму планирано е да се проширува и сама по себе да генерира проекти, со кои перманентно ќе се редефинираат концептите промовирани од современиот и прогресивен начин на креативно и исполнето општествено живеење.
После завршувањето на проектот, веќе создадените независни проекти на локално ниво ќе се реплицираат и надоградуваат во останатите средни училишта низ Македонија со помош на мрежата на МАССУМ и во иднина и со Сојузот на средни школи. По одржувањето на

МАССУМ ОЛИМПИЈАДАТА и Образовното Рандеву 4, планирано е најдобрите учесници средношколци да присуствуваат и активно да учествуваат на МАССУМ летен камп, на кој преку креативни работилници, учениците лично ќе се соочат со искуството на некои од најквалитетните професионални креативци и спортисти од РМ.

- Реклама -