Масовен студентски протест: „Брате Кириле џабе беше“

Повеќе од 3.000 студенти, засега се собраа на протестите, по повод екстерното тестирање.

Откако на споменикот на патроните на универзитетот, Светите Кирил и Методиј закачија плакат со појаснување, како и транспарент „Брате Кириле, џабе ни беше се!“, студентите со извици „Не за екстерното“ и со транспаренти „И од образованието сакате да направите споменик“, „Активирај се!“ и многу други, на македонски, албански и англиски јазик, се упатија преку центарот на Скопје кон Министерството за образование

Тие своето „НЕ“ мирно го демонтрираа и пред Влада.

После подолго време студентите излегоа во поголем број, обединети по некое прашање.

10632575_10153041734166754_1285400680289929509_n (1)

Фото: фоку
Фото: фокус
10814106_10201875065038485_581695855_n
Пред просториите на Студентски парламент на УКИМ, кои се уште го немаат искажано својот став за моменталната состојба.

10815721_10201875065158488_137950948_n

- Реклама -