Масло кое го намалува крвниот притисок

Истражувањата на Универзитетот Анамалаиво Индија покажале дека маслото од сусам позитивно делува во случај на хипертензија.

Во истражувањето учествувале 328 лица со висок крвен притисок, кои обичното масло за готвење, во период од 60 дена, го замениле со масло од сусам.

Само три недели, од почетокот на истражувањето, се покажале првите позитивни резултати, а по завршетокот на контролниот период, се воспоставило дека и систолниот и дијастолниот крвен притисок кај испитаниците бил на ниво како кај лица кои никогаш не боледувале од хипертензија.

Истражувачите тврдат дека состојките на сусамот сезамол, лигнин и сезамин го намалуваат крвниот притисок, додека омега киселините од неговиот состав позитивно дејствуваат на кардиоваскуларниот систем.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок
- Реклама -