Масла кои прават чуда за вашата кожа

Иако маслото може да предизвика повеќе маснотии на лицето, во повеќето случаи, тоа сепак има благотворно дејство и ја хидратира кожата.

Ако не сте знаеле- начинот на чистење на лицето со масло во последно време доби многу внимание.
Еве неколку масла кои ќе ви помогнат да имате лице без брчки и акни:

1. Бадемово масло- природен навлажнувач на кожата

Бадемовото масло е одличен освежувач на сувата кожа. Брзо се апсорбира и спречува загуба на влажноста и помага да се намалат темните кругови предизвикани од замор. Тоа е богато со витамин Е, кој ја успорува појавата на брчки. Нанесете на вашето лице бадемово масло два пати неделно и темелно исплакнете го со вода.

2. Масло од авокадо- против стареење

Ова масло е богато со витамините А, Ц, Д и Е, а особено се препорачува за зрела кожа. За летните денови е особено добро за здрава хидратација на кожата, а доколку добиете изгореници од сонцето, маслото од авокадо ќе ги ублажи. Нанесете го авокадото на вашата кожа и оставете да делува 15 минути. Потоа исплакнете со вода.

3. Лаванда- за акни, каснувања и изгореници

Малсото од лаванда содржи антисептички својства кои помагаат на кожата да се ослободи од акните, мозолчињата и другите слични инфекции. Ефикасен е во третирање на убоди од инсекти, како и заздравување на рани.

4. Масло од морков- за заштита од Сонце

Маслото од морков е особено богато со бета каротин, и ја оддржува еластичноста на кожата и ја намалува штетноста предизвикана од ултравиолетовото зрачење. Тоа ги отстранува токсините и дава на кожата свеж изглед.

5. Масло од јаглика- за сува кожа

Маслото од јаглика е идеално за кожа која е сува, испукана и иритирана. Го намалува црвенилото и брчките.

- Реклама -