Маските за убавина од куркума се користат во Азија со векови.
Тие се познати во кинеската и идиската традиција, и се елемент на ајурведскиот медицински систем. Во Јужна Азија, тие биле составен дел од поготвката на невестата за свадба, правејќи ја да изгледа беспрекорно и гламурозно за нејзиниот голем ден.
Куркумата содржи фотохемикалија наречена curcumin, која може да му користи на телото, и од внатре и од надвор.
Маската од куркума е добра и за акни и егзема. Го намалува воспалението и црвенилото и го забрзува заздравувањето на кожата. Поради антиоксидантните својства на куркумата, се користи и за подмладување на кожата. Помага и во отстранување на брчките, а исто така е ефикасна во смалувањето на црвенилото на кожата (rosacea).
Рецепт за доамшна маска од куркума:
Состојки
1 лажичка куркума
1 лажичка на органски мед
1 лажичка млеко (исто така можете да го користите јогурт)
Ставете ја куркумата во мал сад. Додадете го медот и млекото или јогуртот. Прилагодете ја количината на млеко за да направите паста, доволно густа за да може да се држи на вашето лице. Куркумата е боја и може да направи дамки на облеката, па погрижете се да не капе од вашето лице.
Подготовка за лице
Измијте го вашето лице со вода и отстранете ја шминката. Соберете ја косата за да не ви смета во процесот. Носете стара маица, во случај да ја извалкате.
Примена на максата од куркума за лице
Нанесете ја маската еднавко на вашето лице. Не пропуштајте да ставите и под очите, бидејќи куркумата ги намалува темните кругови околу очите.
Доколку ви остане од смесата, може да ја зачувате во фрижирерот неколку дена и да ја користите следниот пат.
Оставете ја маската на вашето лице околу 20 минути и потоа измијте со ладна вода. Исушете го лицето со нежно тапкање со пешкир.
Повторете ја процедурата во текот на неколку дена, или неколку недели, во зависност од вашите потреби.