Сите жени сакаат убава, здрава и сјајна коса. Здравата и долга коса без сомнение е најубав украс на жената.Поради тоа многу од нив купуваат разни производи за нега на косата и на тој начин трошат многу пари. Но, најдобрата нега за косата доаѓа од природата.
Ви претставуваме една маска која е многу едноставна и може да ја направите дома, а која ќе ви подари сјај, волумен и јачина.
Излупете две банани и испасирајте ги во блендер. Ставете ги во подлабок сад и измешајте во нив 3 лажици мајонез и 1 лажица маслиново масло. Нанесете ја маската на коса и оставете да стои 30 минути. Измијте ја со млака вода.
Може да додадете и две-три капки етерично масло за да го намалите мирисот на мајонез.
Остатокот од маската ставете го во сад, херметички затворете го и ставете го во фрижидер.