Сите ние си имаме демони. Гремлини кои демнат во длабочината на душата во пребарување по некое зло или несигурност кои не прогонуваат секој ден, а кога ќе се појават, тогаш тие се тука за да ги поткрепат.
Во новиот спот на ‘Massive Attack‘, во режија на Хиро Мураи, се чини дека оваа идеја е донесена до екстрем. Демоните се претставени како гадни темни суштества со уиграна кореографија, и како вистинска банда на лоши мисли, која на крајот ќе те земе и така измачен ќе те убие.
Take it there има ненормално застрашувачки и заканувачки акорди, проследени со чудното и осакатеното одење на овие демони, кои и` даваат посебна нота.
Траката доаѓа од неодамна најавениот Ритуал спирит EP, кој сега и офицојално излезе и нуди уште три песни во кои се соработките со Young Fathers, Рутс Манува и Азекел.