Во гаќите на астронаутите на НАСА

Spacesuit[1]

Машкото его е кршливо, особено кога се работи за големината на меѓуножните херои. Според сведочења од поранешни вработени во НАСА, раните астронаутите биле малку почувствителни на темата од потребното. Нивната загриженост за големината на својата машкост, во ерата на Аполо, довела до тоа да страда ефикасноста на нивните вселенски скафандери.

Имено, да се уринира во вселената не беше лесна задача. Затоа, астронаутите беа опремени со облека со максимум апсорбција (читај: пелени), чија намена беше да се погрижат за оние непријатни работи кои луѓето мораат да ги прават, дури и кога се астронаути. Во времето на Аполо, астронаутите во вселената се ослободуваа од урината преку перфориран кондом прикачен на MAG ќеса за собирање.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

MAG-640x4261[1]Тука почнале проблемите. Кондомите, како и обичните, биле означени како „small“, „medium“ и „large“, но само неколкумина од астронаутите прифаќале да го изберат било каква друга големина освен „large“. Така се јавил проблем што никој не го очекувал – MAG ќесите постојано се слизнувале од нивната замислена положба, што можело да предизвика сериозни дистракции во вонредни случаи.

Ама Хамилтон – експертот за контрола на околината, кој воедно бил и задолжен за „хигиената“, бил човек со добра смисла за хумор, која во оваа ситуација довела до брзо и едноставно решение – ознаките на кондомите биле преименувани во „Large“, „Gigantic“ и „Humongous“ или „Extra-Large“, „Immense“, and „Heroic“. Толку од проблемот.

https://youtu.be/fJbztthNrVQ?t=1019

- Реклама -