Maшкиот мозок е поголем од женскиот

 

Иако не е доволно истражен, за мозокот се знае дека постои разлика меѓу половите. Научниците од Харвард открија дека машкиот мозок е осум до десет отсто поголем отколку кај жените.Така делот за донесување одлуки и решавање на проблеми е пропорционално поголем отколку кај понежниот пол. Од друга страна, кај мажите е поголем делот од мозокот кој помага за просторна перцепција и  закана од опасност, што укажува на тоа дека мажите побрзо чувствуваат опасност и реагираат на неа.

Генерално, женскиот мозок е постојано активен, додека машкиот е помирен. Жените чувствуваат болка посилно од мажите, поради што се чуствителни на допир. Механизмите за болка во мозокот се различни поради хормоните. Мажите се помалку чувствителни поради тестостеронот, објаснуваат научниците. Од истите причини жените се три пати повеќе чувствителни на мигрена во однос на мажите.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Кога станува, пак, збор за меморијата, истражувањата покажаа дека жените подобро паметат. Тоа е затоа што поседуваат поголема активност во хипокампусот, дел на мозокот одговорен за паметење.

 

- Реклама -