Џулио Пасторе, шеф на европската единица на Maserati, потврди дека компанијата развива двосед модел со централно-поставен мотор.
Во интервју за британското списание Auto Express Пасторе вели дека новото купе ќе помогне на брендот да се задржи спортскиот имиџ.
-Не сакаме луѓето да престанат да се дружат со Maserati, а во мислите да не им е спортот. Во 2015 година претстои деби на новите генерации на GranTurismo и GranCabrio, а година по нив ќе претставиме и компактен спортски модел, изјави Пасторе.
Менаџерот побива некои шпекулации, дека малото купе на Maserati ќе биде базирано на Alfa Romeo 4C. Според Пасторе новиот модел ќе биде најатлетски автомобил во палетата на брендот.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус