Maserati планира да ja искористи максимално еуфоријата за SUV моделите. Италијанците веќе го претставија првиот кросовер – Levante, а веќе работат на втор таков модел кој треба да се појави во 2018 година.
Моделот ќе биде во категорија на субкомпактниот В – сегмент и по се ќе го добие името Kubang. Под ова име Италијанците веќе претставија два концепти – во 2003 и 2011 година. Серискиот кросовер ќе биде нестандарден за брендот, бидејќи ќе биде со напречно поставен мотор. Архитектурата на Kubang во голема мера ќе биде позајмена од Jeep Renegade. За разлика од него, сепак, возилото на Maserati ќе се нуди само со погон на сите четири тркала, како и со 2.0-литарски бензински и дизел мотори кои работат во комбинација со 9-степен автоматски менувач.
Почетната верзија на новиот SUV ќе стартува од околу 35.000 евра. Во 2019 година ќе излезе и модификација e-Kubang која ќе тргнува од 50.000 евра. Таа ќе се потпира на два електромотори со вкупна моќност од 300 КЅ и само со едно полнење ќе може да помине минимум 800 километри. Во плановите на брендот влегува уште и создавање на екстремна верзија на моделот – MC Stradale. Таа ќе добие 4,7-литарски V8 со 600 КЅ, овозможувајки му на кросоверот забрзување од 0 до 100 km/h за 4 секунди.