На интернет просторот се најде информацијата дека првиот SUV на Maserati – Levante, ќе се појави во почетокот на следната година, за време на салонот во Детроит, во јануари.
Моделот кој беше навестен преку концептот Kubang, ќе биде директен конкурент на Porsche Cayenne.
Во оваа фаза, во голема доза се се` претпоставува. Според некои гласини Италијанците ќе го нудат возилото со прилично богата гама на мотори. Кај бензинските ќе има V6 со 350 КЅ и 420 КЅ, како и максимален V8 со повеќе од 550 КЅ. Што се однесува до дизелската понуда, таму изборот ќе биде меѓу агрегати со моќност од 250 КЅ, 275 КЅ и 340 КЅ.
Цената на Levante ќе се движи меѓу 90 и 200 илјади евра.