Зошто не ги почастите вашите гради со две минутна професионална масажа? Оваа мала но ефикасна вежба, е фокусирана на местото под вашите гради која најчесто пати од притисокот на металните жици од градниците.
Додека се туширате, најпрво убаво насапунете ги вашите раце и започнете ја масажата во три потези.
1. Двете дланки наслонете ги под едната дојка и тоа место цврсто притиснете го со врвовите на прстите.
2. Со прстите во еден потег лизгајте ги од долниот дел на дојката према брадавицата, подигнувајќи ја нагоре.
3. Со истиот притисок лизгајте ги прстите надоле.
Повторете го ова три-четири пати, а потоа повторете ги истите чекори на другата дојка. Внимавајте на притисокот на прстите. Не треба да си нанесувате болка.