Во местото Сарсел во околината на Париз, полицаец со службениот пиштол усмртил три лица, ранил уште три и потоа се самоубил.
Според првичните резултати од истражувањето на француското обвинителство, се работи за злосторство по прекин на љубовна врска.
Полицаецот Арно Мартен по завршување на смената отишол да се види со девојката, за да ги разрешат односите по прекинатата врска. Расправијата станала жестока, по што Мартен извадил оружје, ја ранил девојката, а ги убил и двете лица кои притрчале да помогнат. Потоа влегол во нејзиниот дом, каде ги убил нејзиниот татко и кучето, а тешко ги ранил и мајката и сестрата на девојката. Кога излегол од нејзиниот дом, си пукал во главата.
Од надлежната станица изјавиле дека Мартен секогаш бил примерен и ниту еднаш немал направено никакво нарушување на јавниот мир.
Според измените во француските закони, по терористичките напади во 2015, сите полицајци имаат право да го носат оружјето и надвор од работа, во договор со надлежната полициска станица.