Хави Мартинез најскап играч во Германија

Хави Мартинез конечно го комплетираше трансферот вреден 40 милиони евра од Атлетик Билбао во Баерн Минхен, со што шпанскиот репрезентативец стана најскап фудбалер во историјата на германската Бундес лига.

Баварците веќе извесно време се обидуваа да го доведат Мартинез во своите редови, но никако не успеваа да се договорат со Атлетик Билбао околу висината на оштетата. На крајот, челниците на баварскиот гигант со понуда од 40 милиони евра ја активираа клаузулата за раскин на договорот меѓу Мартинез и Атлетик Билбао, по што трансферот можеше да биде комплетиран.

„Преговорите траеја премногу долго, но за мене е најважно што желбата конечно ми се исполни и ќе го облечам дресот на Баерн Минхен. Знам дека клубот плати многу пари за да ме ангажира и ќе дадам сè од себе за да се оддолжам со добри игри и освојување трофеи“ изјави Мартинез, за чии услуги во текот на летово се интересираа и Барселона и Манчестер Сити.

Прочитајте и:  Берлин ја зголеми воената помош за Украина за 400 милиони евра и покрај лошата состојба на буџетот
- Реклама -