Мартинез ја доби „златната ракавица“, па прослави на безобразен начин (ВИДЕО)

Аргентинскиот јунак Емилијано Мартинез го предводеше својот национален тим до третата светска круна во историјата, откако блесна против Французите и во пенал-рулетот и во продолженијата, па заслужено ја доби „златната ракавица“, но со неговата прослава ги згрози дел од навивачите.

Мартинез ја доби престижната награда по победата против Франција, но потоа имаше безобразна прослава која предизвика голем број реакции на социјалните мрежи.

- Реклама -