Крис Мартин ја бакна Гвинет Палтроу пред да излезе на сцена (видео)

Фронтменот на бендот Coldlay Крис Мартин не ги крие чувствата за својата сопруга Гвинет Палтроу. Додека излегувал на сцената во арената во Мајами, музичарот ја изненадил актерката со жежок бакнеж, поради што таа малку се засрамила.

Крис Мартин сакал на сите да им даде до знаење дека и понатаму ја обожава Гвинет Палтроу, со која веќе девет години е во брак.

Додека тој се пробиваше меѓу присутните за да се качи на сцената и да настапи со својот бенд, во публиката ја пронајде Палтроу и го искористи моментот за да ја бакне.

Во видеото е очигледно дека таа е многу изненадена и не го очекувала тој емотивен гест, па малку се засрамила, меѓутоа истовремено изгледа среќно и воодушевено.

Двојката се венчаше на 5 декември 2003 година во хотел во Јужна Калифорнија. Тие имаат две деца, ќерката Епл и синот Мозес.

{youtube}WIRFptzoYQo{/youtube}

- Реклама -