Мартин Одегард официјално стана дел од Арсенал

Лондон, 20 август 2021 (МИА) – Откако ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Арсенал, при што настапи на 20 натпревари, норвешкиот интернационалец Мартин Одегард и официјално станува дел од клубот.

Како што информираат од Арсенал, Одегард ќе го носи дресот со број 8, а трансферот е предмет на завршување на регулаторните процеси и барањата за виза. Дополнуваат дека играчот нема да биде достапен за неделниот натпревар со Челзи.

Својата кариера 22-годишниот фудбалер ја започна во Норвешка со Стромсгодсет, каде што дебитираше како 15-годишник во април 2014 година, станувајќи најмладиот играч што досега настапил во највисоката лига на Норвешка. Тој во јануари 2015 година потпиша договор со Реал Мадрид и потоа стана нивниот најмлад играч во мај 2015 година.

Прочитајте и:  Артета се пожали на романскиот судија по поразот од Интер

Во трите сезони од 2017/18 година, Мартин помина на позајмица во Херенвен и Витес Арнхем во Холандија, а потоа се врати во Шпанија со Реал Сосиедад во 2019/20 година, каде што му помогна на клубот да стигне до финалето на Копа Дел Реј.

- Реклама -