Освен што имаат фантастичен вкус, маршмелоу колачињата се и навистина едноставни за подготвување. Се што е потребно е да ги „засукате ракавите“ 15 до 20 минути, и да ги оставите на страна околу 8 часа, или едноставно да преноќат. Ви го прикажуваме најавтентичниот вкус за подготовка на маршмелоу:
Состојки:
– 3 лажички желатин
– 1 чаша ладна вода
– 2 чаши шеќер
– 2 лажици мед
– 2 белки од јајце
– 1 лажичка валинин шеќер
– 1 лажица шеќер во прав
Подготовка:
1. Ставете ладна вода во сад , и одозгора истурете го и желатинот.
2. Во друг сад на средна топлина ставете ги шеќерот, медот и 1/2 чаша вода. Мешајте се додека шеќерот се раствора, околу 10-на минути.
3. Со миксер изматете ги белките, а потоа додадете ги и претходните мешавини и повторно убаво измешајте, се додека не добиете пенеста и густа смеса.
4. Со оглед на тоа што смесата ќе биде навистина леплива, истурете ја во сад на кој имате ставено хартија премачкана со масло. Дури и лажицата со која ќе ја истурате поминете ја со маслото. Оставете да се олади околу 8 часа, или едноставно подгответе го навечер овој рецепт и оставете да преноќи.
5. Со помош на нож исечете ги парчињата на мали коцки. Измешајте го шеќерот во прав со циметот, и извалкајте ги коцките маршмелоу во прашестата смеса.
Совет:
– Јадете го овој десерт во комбинација со какао, салеп, или топло чоколадо.
– Десертот можете да го збогатите и со чоколадо на површината.