Марсело со два еврогола за Олимпијакос потсети дека – класата е вечна!

Поранешната голема ѕвезда на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, во петтиот меч во дресот на Олимпијакос потврди дека и покрај возраста од 34 години се уште не заборавил да игра фудбал.

Тој во денешниот осминафинален дуел од грчкиот куп против Атромитос (4-1) двапати на фантастичен начин ја затресе мрежата на противникот. Марсело првпат погоди во 50. минута за водство 2-1, а петнаесетина минути подоцна со вистинско ремек-дело го постигна конечниот резултат.

- Реклама -