Првото полувреме мина мирно и со ништо не најави дека во продолжението играчите на двата тима ќе се разиграат. Нуњо Тавареш во 47. минута ги донесе гостите во водство, додека Естев со автогол по еден час игра ја удвои предноста. Монпелје во судиското продолжение со гол од пенал само ја намалија негативата. Головите погледнете ги ТУКА.
Марсеј со овој триумф остана третопласиран со 36 бодови, четири помалку од Ленс и осум од ПСЖ, кој е лидер на табелата.