Maрмалад од црно грозје

За да го подготвите овој рецепт потребни ви се следниве сотојки:

1 кг. грозје

200 г. шеќер

1 кесичка џемфикс

Подготовка:

Измијте го грозјето, отстранете ги бобинките од стеблата, па ставете ги во длабок сад да се готват. Повремено мешајте.

После 10-15 минути, грозјето омекнува.

Можете со дрвена лажица малку да ги изгмечите оние плодови што останале цели.

Тргнете го од оган, па низ крупна цедилка испасирајте ја смесата, да се одвојат смеките и крупните лушпи.

Вратете ја испасираната смеса на шпорет, додадете шеќер и џемфикс.

Гответе уште 3 минути и врелиот мармалад сипете го во чисти тегли, па свртете ги наопаку на пет минути, да се вакумираат.

Оставете ги да се оладат на собна температура.

- Реклама -