За сите оние кои уживаат во киселкастиот вкус на најубавиот мармалад од детството, ова ќе биде интересна нова идеја, за богата зимница.
Состојки:
1 кг. сливи
2 кисели јаболки
1 кг шеќер
1 лажичка цимет
1 кесичка ванила
2 лажици сок од лимон
5 чаши вода
Подготовка:
1. Ставете ги водата и шеќерот да се варат, па измијте ги сливите и извадете ги семките, а јаболките излупете ги и изрендајте ги.
2. Кога сирупот ќе се свари, додадете го овошјето и мешајте додека не се свари мармаладот. Пробајте така што ќе сипете малку на тацна, па ако остане трага кога ќе ја повлечете лажицата, мармаладот е готов. Додадете цимет, ванила, сок од лимон и рум по желба, па оставете да се вари уште две минути.
3. Тргнете го од оган, наполнете во стерилизирани топли тегли, затворете цврсто и сврете го наопаку. Нека остане така, се додека сосема не се олади.