Марковиќ: Работа на Заев е зошто немало навремена потерница за Груевски, а не на Црна Гора

Индиректно прозван од изјавата на премиерот Зоран Заев, кој неодамна рече дека е чудно што четири земји, пријатели на Македонија, дозволиле бегство на Груевски преку нивна територија, црногорскиот премиер Душко Марковиќ одговори на критиката: Работа на Македонија, а не на Црна Гора, е да се грижи за тоа како избегал Груевски.

Во интервју за РТЦГ, Марковиќ истакна дека Груевски преку Црна Гора поминал со легитимни лични документи и на сосема легален начин, како и дека во тој момент сé уште немало распишана никаква потерница за осудениот македонски екс-премиер.

Токму тоа прашање треба да биде во фокусот на Зоран Заев, порача црногорскиот премиер:

„Мојот пријател Заев треба да се позанимава со фактот што навреме не е распишана потерница по Груевски, и како тој без пасош влегол во земја членка на Европската унија; Ова прашање не може да ѝ се поставува на Црна Гора“, рече Марковиќ.

- Реклама -