Имав 30 години, кога едни добри и драги луѓе од „Бизнис викли” зедоа решение, на кое што беа исклучително горди. Ќе ме направат – мене, кој што не разбираше апсолутно ништо од маркетинг, одговорен уредник, покривајќи ги сите теми за маркетинг во списанието.
Можам да кажам дека ова беше силна одлука, на која што ниту јас не можев да се спротивставам. Ми дадоа една недела да се подготвувам. Кога ме испратија од канцеларијата ме погалија по грбот и ми рекоа „О, и патем, на првиот работен ден на оваа позиција испрати белешка до секој новинар и уредник во списанието и кажи му што ќе правиш како главен уредник во „Маркетинг “. Објасни им точно, каква помош очекуваш“.
Бев во шок. Во наредните 168 часа не се сеќавам дали воопшто спиев. Разговарав со секој на оваа планета, кој што беше се занимавал со тоа нешто „маркетинг”. Со професори, со консултанти, со генерални маркетинг директори… Со мајки и татковци. Сите тие изгледа вршеа добра работа за целта. Дури сослушував клиенти и клиентки на продавници ( моите пријатели), за да дознаам што им се допаѓа и какви работи ги тераат да купуваат, во трговскиот центар и во супермаркет, или пак кога донесуваат одлуки за купување на име на компаниите.
Прашав стотици прашања. Напишав 150 страници од белешки. И кога ги собрав сите нив се роди една реченица, што според мене најдобро го објаснува маркетингот. Тоа е следново:
“Маркетингот, ограничен до апсолутните основи, е извонредно едноставен: разбираш на кого сакаш да продаваш и потоа одредуваш како ќе го натераш да купи.”
Тоа е тоа. Неколку зборови се сè што човек треба да знае за маркетингот. Секако, оваа дефиниција може да се усложни. Пример ако се додаде дека решавањето на кого сакаш да продадеш трае неколку месеци и техниките кои се користат за убедување на клиентите, треба долго да се тестираат однапред. Но целта ти останува едноставна и таа е во реченицата погоре.
Откако го дознав тоа, се вратив кај многу од луѓето со кои што зборував и ги прашав дали мојата изјава им се чини точна.Сите потврдија.
Значи следниот пат кога ќе се исправите пред маркетинг предизвик, пробајте го следново: Вратете се на основите на неговата задача, кон оваа реченица. И видете дали тоа ќе ви помогне да ги поедноставите работите. Речиси сум сигурен дека ќе успеете.
Сите сме склони да го усложнуваме сфаќањето на настаните и задачите. Тоа многу ни пречи. Да се вратиме назад кон основната замисла секогаш помага.
Пол Браун во списанието Inc.