Марка: Хрватска во Катар е предводена неуморен, ама и проблематичен фудбалер!

За Марцело Брозовиќ, еден од најдобрите во составот на Хрватска на Мундијалот во Катар, изминативе денови се пишувани многу работи, меѓу кои најмногу се потенцираше неговата неуморност на теренот и рекордите во минати километри, како и неговата хумана страна со оглед што пред извесно време плати операција на девојче од Македонија кое воопшто и не го познаваше.

Шпанскиот весник „Марка“ во пресрет на утрешното полуфинале помеѓу Хрватите и Аргентина пишува и за неговата проблематична страна, како и за изненадувањата кои им ги има направено на соиграчите. Најмногу се потенцираат неговите тетоважи, а текстот почнува со изјавата на Иван Перишиќ: „Си се надминал самиот себе си“ кога му ја покажал тетовираната бомба на вратот.

- Реклама -