Марк Твен – човекот што дојде со Халеевата комета и си замина со неа

На 30 ноември 1835 година е роден најголемиот американски писател и хуморист Марк Твен. Без него литературата немаше да биде иста. А какво би било и нашето детство без авантурите на Том Соер?

Mark

Вилијам Фокнер го нарекува “таткото на американската литература”, а години подоцна Хемингвеј вели: “Целата современа американска литература потекнува од една книга и таа се вика “Авантурите на Хаклбери Фин “.

Писателот е роден две недели по најголемото доближување на Халеевата комета до Земјата, а починал во 1910 година, кога е нејзиното следно појавување.

Година пред својата смрт, во 1909 година, Марк Твен вели: “Дојдов со Халеевата комета во 1835 година. Следната година таа доаѓа повторно и очекувам да си одам заедно со неа. Ќе биде најголемото разочарување во мојот живот ако не си отидам со Халеевата комета. Севишниот без сомнение си рекол: “Еве, две необјаснети феномени – дојдоа заедно, треба и да си одат заедно “.

comet

Животот на големиот писател изобилува со забавни и поучни приказни, во кои се родиле некои од неговите најпознати фрази. Тој великодушно им ги подарил својата мудрoст и сатиричното слово на сите кои сакаат да ги земат. Писателот наоѓал излез од секакви ситуации, а многумина станувале жртва на неговиот акутен јазик.

Денеска ви приложуваме некои од најпознатите негови фрази, како и една забавна приказна од неговиот живот:

Пазете се од луѓе кои се обидуваат да ги минимизираат своите аспирации. Малите луѓе секогаш го прават тоа, а вистински големите луѓе ќе ве натераат да се чувствувате така што и вие исто можете да станете големи.

Нема потажна глетка од млад песимист, со исклучок на стар оптимист.

Кога ќе се сетиш дека сите сме луди, чудното во животот исчезнува и сè станува разбирливо.

Јас не се плашам дека ќе исчезнам. Пред да се родам ме немало милијарди години и ни најмалку не сум страдал поради тоа.

Тагата е доволна сама по себе, но за да добиеш од неа вистинско задоволство, треба да ја споделиш со другите.

Танцувај така, сеедно како никој да не те гледа; пеј така, како никој не те слуша; сакај како никогаш да не си сакал; живеј така, како земјата да е Рајот.

Подобро држете ја устата затворена и оставете луѓето да ве мислат за глупави, отколку да ја отворите и да ги отфрлите сите сомнежи.

Прочитајте и:  Македонската култура е симбол на континуитет и еволуција

Разликата меѓу “речиси точниот збор” и “вистинскиот збор” е како разликата помеѓу светулката и грмотевицата.

Секој човек, слично на месечината има своја темна страна која не ја покажува никому.

Кога со жена ми имаме различни ставови, обично постапуваме така како што таа сака. Таа тоа го нарекува “компромис”.

Банкар е човек кој ќе ви позајми чадор на сончево време, за да си го побара токму кога ќе падне дожд.

Ако се спојат крал со проститутка, како резултат ќе се добие точно она што одговара на англиската идеја за благородник.

Во некои случаи критикувањето носи поголемо олеснување од молитвата.

MarkTwain

Само за две работи ќе жалиме на смртна постела – дека сме сакале малку и сме патувале малку.

Човекот е најжесток од сите животни – тој е единствениот кој убива за задоволство, убива од злоба и убива за одмазда.

Ако спориш со идиот, веројатноста тој да го прави апсолутно истото, е многу голема.

Добри пријатели, убави книги и заспана совест – тоа е совршен живот …

Не сакам да си ги ги расипам односите ниту со рајот, ниту со пеколот. Имам пријатели и на двете места.

Човекот кој не чита книги, нема предност пред човекот, кој не може да ги чита.

Тајниот извор на хумор не е радоста, туку тагата.

***

Еднаш, на улица скитник се приближил до Марк Твен и го замолил за милостина. Писателот се сожалил на сиротиот човек и го поканил на пијачка. Човекот одговорил дека не пие.
– А пури? – предложил Твен.
– Господине, гладен сум. Не ни пушам.
– А што ќе кажеш утре да обложиме од твое име сто долари на коњ, кој сигурно ќе победи? – продолжил писателот.
– Сер, може и да не сум најголемиот праведник, но никогаш не се коцкам. – му рекол нажалениот просјак. – Ве молам, дајте ми 25 центи, за да каснам нешто.
– Ќе те нагостиме со целиот ручек, ако дојдеш да те запознаам со мојата госпоѓа. Сакам да и покажам во што се претвора еден човек кој не пие, не пуши и не се коцка.

- Реклама -