Шерифовиќ е забележана со бурма на десната рака, а неодамна изјавила дека има голема желба набрзо да прави свадба.
Марија Шерифовиќ носи бурма! Таа во емисија на српската телевизија „Пинк“ на сите им го покажа златниот прстен, што ги поттикна приказните дека брачниот статус на пејачката се сменил. Марија на крајот на минатата година изјави дека едвај чека да прави свадба и дека тоа ќе се случи набргу.
„Јас искрено се надевам дека желбата да правам свадба ќе ми се исполни многу наскоро. Всушност што поскоро затоа што едноставно сакам да завршам со тоа што побрзо во животот“, рекла Шерифовиќ.
Српскиот весник „Курир“ побара одговор директно од Мaрија.
„Тоа е само парче накит и ништо друго. Незнам зошто некому тоа му паднало во очи“, искоментирала пејачката.
Прстенот навистина е накит, но бурма на деснaта рака е повеќе од накит, коментира „Курир“.