Маричиќ: Решаваме проблеми што со децении се таложеле во правосудството, резултатите почнуваат да се гледаат

Од неговото доаѓање на функцијата, тој и неговиот тим посветено работат на реформите во правосудството – вели министерот за правда Бојан Маричиќ, кој објави дел од сработеното во овие, како што вели, само 10 месеци.

Според него, се решаваат проблеми кои се таложени со децении, а резултатите почнуваат да се гледаат. Маричиќ, притоа, е убеден дека во иднина забрзано ќе се менува и перцепцијата на граѓаните во поглед на судството, како резултат на позитивните реформи.

„Работиме на многу мерки и реформи за кои набрзо ќе информираме, а ова е само дел на тоа што успеавме да сработивме за само 10 месеци:

✅ Правда достапна за сите: Судските такси намалени за осум пати.
✅ По нова методологија започна проверката на работата на судиите.
✅ Започнува целосна дигитализација на 187 судници и 34 судови.
✅ Преку измени на Кривичниот законик до поголема заштита на новинарите и медиумски работници.
✅ Зголемени платите на судската полиција.
✅ Почна процедурата за набавка на нови униформи на затворската полиција.
✅ Пуштен во употреба ВПД Волковија – најмодерниот воспитно-поправен дом во регионот.
✅ По 20 години конечно Попис во Северна Македонија.
✅ Отворени политички разговори за промена на изборниот модел.
✅ Извештаите на Стејт Департментот и ЕУ забележуваат напредок во секторот правда и владеењето на правото во земјава.
✅ Голем дел од случаите на поранешното СЈО се пред завршница.
✅ Преку законски измени до 20 пати повисоки казни за загадувачите на животната средина.
✅ Измени на Кривичниот закони за поголема заштита на жените од насилство.
✅ Целосна реконструкција на повеќе затвори во земјата.
✅ Министерство за правда – отворено, транспарентно, отчетно.
✅ Засилена меѓународна соработка“, наведе Маричиќ.

- Реклама -