Марко Поло е нова супер-луксузна вила. Се наоѓа во срцето на Вал Дизер (Франција) одделена од главниот пат, вилата дава приватност плус лесен пристап до центарот на ова одмаралиште. Вистинско стилско ремек дело, Марко Поло има комбинација од современи и традиционални материјали која создаваат уникатна вила. Пространите 1000м2 Алпски шмек на Марко Поло овозможуваат престој на 12 возрасни и 2 деца во 6те прекрасни спални соби.
Собата за дневен престој е пространа со голем салон и трпезариски простор со камин поставен централно. Барот е совршено место за коктел пред вечерата и има кино екран кој дискретно се спушта од високите греди. Тука е и балконот, комплетиран со панорамскиот поглед на La Face пистата, надворешна кујна и греење на седиштата.
Првиот кат на Марко Поло е целосно посветен на релаксација и благосостојба. Тука е просторниот базен заедно со топлата када.
Вилата располага и со визба за вино, а за забавниот дел тука е собата за игри која е опремена со пикадо и маса за билјард. Собата за вежбање овозможува вежбање во парови, а за релаксација по вежбањето тука е собата за масажа.
Се во оваа прекрасна вила е наменско, создавјќи уникатно искуство на Алпите.