Marca: Челзи нуди 25 милиони евра за Миранда

Челзи продолжува да притиска за ангажман на дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Миранда.

Мадридскиот весник, Marca пишува дека Челзи понудиле 25 милиони евра за ангажман на Миранда.
Сините веќе подолго време се поврзуваат со бразилскиот дефанзивец, информациите велат дека Жозе Мурињо сака да го донесе овој фудбалер пред почетокот на сезоната.
Атлетико Мадрид не сака да се откаже од услугите на Миранда, ги одбива понудите кои доаѓаат за Бразилецот кој има откупна клаузула од 30 милиони евра.
Диего Симеоне се обидува да го убеди Миранда да остане, но според Marca неговото заминување е многу извесно.
Челзи ова лето веќе му зема неколку клучни фудбалери на Атлетико Мадрид, Сините ги купија Диего Коста и Филипе Луис, а од позајмица го вратија Тибо Куртоа.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk.
Прочитајте и:  Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
- Реклама -