Раководството на Блекбурн, клубот кој има намера да се врати во Премиер лигата, интензивно бара нов менаџер, а во комбинација е и Диего Армандо Марадона.
Легендарниот Аргентинец кој до неодамна беше на кормилото на Ал Васл, а потоа се обиде да пронајде и ангажман во Кина, би можел да седне на клупата на Блекбурн и да се обиде овој тим да го врати на старите патеки на успехот.
Моментно Блекбурн од клупата го преводи Ерик Блек, но јасно е дека тој е само преодно решение. Марадона, кој ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до четвртфиналето на Светското првенство 2010 година, во наредните неколку дена треба да пристигне на островот и да има средба со челниците на овој клуб, по што ќе биде јасно дали ќе се испроба како тренер и во англискиот фудбал.