(МАПА) Колку се тешки македонскиот и другите европски јазици за учење?

Иако учењето странски јазик е кај секого индивидуално, постои генерален впечаток дека некои јазици се потешки/полесни за учење од некои други.

Американскиот Foreign Service Institute (FSI) реши да ги рангира, а врз основа на своите искуства во обуката на американски дипломати кои заминуваат на работа низ земјите во Европа. Reddit корисникот Fummy тоа го преточи во визуелна мапа. Следствено, мапата покажува колку некој јазик е тежок за учење за тие чиј мајчин јазик е англискиот, до степен на солидно познавање на читање и зборување на истиот.

Европските јазици се поделени во четири категории – од Категорија 1 – за која се потребни 24 недели обука, до Категорија 4 – за која се потребни 44 недели (за потсетување, една година има 52 недели).

Па така, според мапата, на Американците најлесно им е да научат шпански, француски, норвешки, шведски… па дури и романски (малку е чудно што најлесните јазици на мапата се означени со црвено, но сеедно), додека најтешко им е да научат унгарски и фински, кои спаѓаат во Категорија 4* (со ѕвезда) со потребни над 44 недели учење.

Категориите:

Кат 1: околу 24 недели потребни за учење
Кат 2: околу 30 недели
Кат 3: околу 36 недели
Кат 4: околу 44 недели
Кат 4*: над 44 недели (недефинирано)
Кат 5: околу 88 недели, но такви нема во Европа. Такви се афричките, на пример;

Македонскиот е рангиран во Категорија 4 (44 недели, или околу 1.100 часа предавање), заедно со другите балкански јазици, но и рускиот и турскиот, како и јазиците во централна Европа.

Целата листа на јазици, по категории, можете да ја видите ТУКА.

 

- Реклама -